Македонија
12. February 2025 - 16:42

Борбата е да се задржат странските компании, не да се привлечат нови

Државата да им помогне на странските компани да не ги затворат погоните и да ги задржат вработените. Последиците од случувањата во Европа, посебно во Германија, веќе се чувствуват  кај нас, пред се во автомобилската индустрија..  Советот на странски инвестотори предупредува – Стартот на годината им почна со намалени нарачки од 10 до 20 отсто. Следниот месец ќе треба да исплаќаат и повисоки минимални плати , чиј износ се уште не е утврден.

Ако нема владина помош, ќе следи тежок период и борба за опстанок. 

-Нашите планови се готови, буџетите се усвоени, а се уште не се знае дали новиот минималец ќе биде 24.400 денари или членките на Економско-социјалниот совет ќе се договорат да биде повисок. Засега не сме разговарале со државата дали и какви мерки би можела да понуди како помош на компаниите, но законски не е можно таа да биде селективна, односно да биде насочена само кон одредени производствени сектори. Но би било добро да речеме ако Владата се сложи да партиципира во делот на придонесите, доколку има повисок минималец – вели Виктор  Мизо, претседател на Совет на странски инвестиции .

Намален број вработени очекуваат 45% од странските компании кои работат кај нас.

Спроведената анкета покажала и дека се надеваат на зголемени или исти проходи како лани. За полесно водење бизнис, бараат подобра  инфраструктура, пристап до електрична енергија, гас и вода, јавен траспорт,  помалку бирократија,побрзо вадење дозволи за престој на странци,а не како сега генерален директор да чека 3 месеци за да му се продолжи дозволата за престој. Имаат проблем и со работната сила. Секоја 2 компанија не може да најде квалификуван кадар.

Сепак, според анкетата, 48% од странките компании се изјасниле дека ако сега треба да инвестираат, повторно би ја одбрале земјава. 22 осто парите би ги вложиле на друго место. Фактори  кои влијаат на инвестициската одлука се  ниските трошоците за производство, пристапот до работна сила, предвидлива бизнис клима , ниските даноци , државната помош, ефикасна администрација, подобра и почеста  комуникација со владата и  подобра координација на државните институции.