Борбата против радикализацијата стратешка определба на Конгресот за локални и регионални власти на СЕ
Конгресот за локални и регионални власти на Советот на Европа ќе работи на стратегија за борба против радикализацијата во градовите и регионите на земјите членки на оваа паневропската организација, јави допиосникот на МИА од Стразбур.
Во извештајот претставен од страна на пратениците Јозеф Нојман од Германија и Берт Бувместер од Холандија, Конгресот се повикува да ги консолидира своите активности во оваа област со донесување на методологија за промоција на плурални и инклузивни и културно разновидни општетсва во Европа и за воведување на концепт на „меѓукултурен дијалог“ во своите иницијативи за промоција на дијалогот меѓу различните култури и религии.
Со усвоената резолуција се повикуваат локалните и регионалните претставници да придонесат за овој дијлаог преку ресурсите на системот за организирање на меѓукултурни и меѓурелигиски активности.
Документот, исто така, повикува на приклучување кон Сојузот на европските градови против насилниот екстремизам, во врсак со кој Конгресот и Европскиот форум за урбана безбедност ќе одржат Самит на градоначалници на 9 ноември 2016 во холандскиот град Ротердам.
Ново на Сител
-
Почина Дикембе Мутомбо
-
Драма во Скопје: Маж со нож ги одзел децата од мајката во прифатен центар
-
Жена нападната од поранешниот партнер - Ја натепал и нејзината малолетна сестра
-
82-годишен дедо полово вознемирувал тројца малолетници
-
Еден од обвинетите за убиствата на Вања и Панче во тешка здравствена состојба е пренесен во болница
-
Изминатата недела 45 случаи на Ковид-19, починати две лица
-
Индустриското производство намалено за 3,6 отсто
-
Просечната каматна стапка на вкупните кредити 5,44%, а на депозитите 1,96%