Борел: Барањето да се запре проширувањето на НАТО на исток е неприфатливо
Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика Жозеп Борел во интервју за весникот „Велт” ги нарече барањата на Русија за безбедносни гаранции и запирање на проширувањето на ЕУ и НАТО на исток „чисто руска агенда со целосно неприфатливи услови”.
„Барањата за безбедносни гаранции и запирање на проширувањето на ЕУ и НАТО на исток се чисто руска агенда со целосно неприфатливи услови, особено за Украина”, вели Борел.
Тој додава дека за првпат Москва „ги изнесува своите барања во писмена форма – нешто што досега не се случило”.
„Тоа го прават само победниците: тие велат – ова се моите услови”, рече Борел.
Во средината на декември руското Министерство за надворешни работи објави нацрти на договорот со САД и договорот со НАТО. Документите веќе се предадени на Вашингтон и неговите сојузници. Во една од клаузулите, Москва предложи земјите од НАТО да и дадат гаранции на Русија кои ќе спречат понатамошно проширување на исток, особено на украинска територија.
Ново на Сител
-

Пожар во трговски центар за овошје, зеленчук и цвеќе во германскиот град Штутгарт
-

Муцунски во официјална посета на Катар
-

СП 2026: Мароко прв четвртфиналист
-

Сончево со мала до умерена локална облачност
-

ЦУК: Регистрирани 11 пожари на отворен простор, активен е пожарот кај Белица во Македонски Брод
-

Мицкоски: Можеме да прифатиме и гласање преку пошта, наша цел е да обезбедиме побројно гласање на дијаспората
-

Ангелов: Изби пожар во борова шума над филтер станицата во Штип, на терен интервенираат пожарникари и доброволци
-

Мицкоски: Со трговците ќе разговараме директно, без естрада, за зголемените маржи
