Борел против целосна забрана за влез на руски државјани во ЕУ

Високиот претставник за надворешна политика на Европската унија Жозеп Борел синоќа изјави дека целосната забрана за влез на Руси во Унијата „не е добра идеја“, по медиумските извештаи дека земјите-членки се подготвуваат да го суспендираат визниот договор со Москва.
– Не сум за запирање на издавањето визи за сите Руси, изјави Борел во интервју за австриската телевизија ОРФ. Тој рече дека не верува оти прекинувањето на контактите со руските цивили ќе има позитивни резултати. Тој нагласи и дека не верува оти оваа идеја ќе ја добие потребната едногласна поддршка меѓу земјите членки. Борел рече дека некои процедури за издавање визи за одредени групи Руси треба да се ревидираат, но отфрли целосна забрана.
– Мораме да бидеме селективни, не можеме да преземеме сеопфатна мерка, рече тој изразувајќи уверување дека министрите за надворешни работи на ЕУ што треба да се состанат следната недела ќе прифатат балансиран пристап. Идејата за ограничување на влез на руски туристи во ЕУ се појави неодамна откако Русите патуваа на летен одмор преку соседни земји на ЕУ.
Виза издадена од која било земја овозможува пристап без пасош до сите 26 членки на Шенген зоната. „Фајненшл тајмс“ претходно јави дека земјите-членки на ЕУ се подготвуваат да го суспендираат договорот за визно олеснување со Русија од 2007 година поради војната во Украина. Министрите за надворешни работи на ЕУ се подготвени да дадат политичка поддршка за суспензијата на дводневниот неформален состанок во Прага што ќе се одржи утре и задутре, информира британскиот весник, цитирајќи тројца претставници вклучени во разговорите.
Ново на Сител
-

Контејнерски брод потона во близина на Ормуската Теснина откако беше погоден од ракета
-

Сиљановска-Давкова со експертот за Холокаустот Мајкл Баренбаум: Историската вистина за македонските Евреи мора да се зачува
-

Мелони: Договорот меѓу САД и Русија за дизелот е „многу ризичен избор“
-

Предлог - одлуката за продолжување на рокот за постоење кризна состојба за нафта и нафтени деривати помина на матичната комисија
-

Мицкоски: ЕУ останува стратешка цел, нема поместување ниту милиметар
-

Променливо облачно време во наредните денови, во петок слаб дожд и снег на планините
-

Запленети два тони храна од зелениот пазар во Ченто
-

Шумската полиција со засилени акции: Запленети над 500 кубни метри дрвна маса и поднесени 140 пријави
