Борел: Се враќаат големите империи од минатото, Русија, Турција и Кина
Високиот претставник за надворешни работи на ЕУ, Жосеп Борел, денеска се обрати пред европските пратеници во пресрет на претстојниот Европски Совет на кој главна тема ќе биде Турција и тензиите со Грција.
Во овој контекст, шефот на европската дипломатија предупреди дека се враќаат „големите империи од минатото“.
-Европа се соочува со ситуација во која големите империи се враќаат, најмалку три од нив, Кина, Русија и Турција, големите империи од минатото се враќаат со пристап кон нивното непосредно соседство, но и глобално и ова претставува нова средина за нас, изјави Борел, додавајќи дека Турција е „еден од овие елементи“.
Дебатата утрово се фокусираше главно на ситуацијата во источниот Медитеран и тензиите помеѓу Турција и Грција.
Борел изјави дека се потребни дополнителни напори за смирување и деескалација во регионот и дека последниот турски потег, повлекувањето на бродот Оруч Реис, е потег во добар правец и влева надеж дека спорот ќе може да се реши преку дијалог.
Високиот претставник изрази надеж дека лидерите на ЕУ ќе успеат да најдат конструктивен пристап со Анкара, но дека многу од тоа ќе зависи од тоа што ќе се случува во наредните денови. Борел предупреди дека Турција во секој случај останува клучен партнер за ЕУ, на пример за миграциските прашања, и побара од лидерите на ЕУ да го имаат тоа на ум.
Ново на Сител
-
Граѓански протест ,,Кој е следен‘‘ за смртта на Фросина Кулакова во Скопје
-
Тема на денот со Дарко Аврамовски - Коалиција ,,Сите за правично судење"
-
Четиригодишно дете починало во Струшката болница
-
МВР спроведува акција за откривање печатница за фалсификување пари
-
Како возачот што ја прегази Фросина добил телефон во затворот
-
Детектор: Две третини граѓани не веруваат во фер судење во Македонија
-
АХВ уништи 110 килограми болничка храна
-
Власта и опозицијата со обвинувања - Кој е виновен за високите цени