Борис Џонсон нема да учествува на денешниот министерски состанок на ЕУ за Трамп

Британскиот министер за надворешни работи, Борис Џонсон, нема да присуствува на денешниот вонреден состанок на шефовите на дипломатиите на земјите од ЕУ, посветен на победата на Доналд Трамп на американските избори, соопшти Форин Офисот.
Во соопштението се вели дека Џонсон ќе учествува на редовната министерска конференција, што ќе се одржи во понеделник, но дека е непотребно организирање вонреден состанок, 24 часа порано, кога веќе еднаш ќе се сретнат европските министри.
Наместо Џонсон, на денешниот состанок ќе присуствуваат високи функционери на британскиот Форин Офис.
-Не гледаме потреба од специјален состанок, денес, затоа што терминот за американските избори е одамна познат, а еден состанок веќе е закажан за утре (понеделник), изјави во Лондон претставник на британското Министерство за надворешни работи.
Овој претставник објасни дека американските гласачи го направиле својот избор, сега тече период на транзиција, а официјален Лондон ќе работи со сегашната и со идната администрација на САД , во најдобар интерес за Велика Британија.
Џонсон, во петокот, ги критикуваше европските министри што продолжуваат да се занимаваат со Трамп, предлагајќи им место тоа да се свртат кон иднината и уредувањето на односите со Вашингтон.
Изјавата на британскиот шеф на дипломатијата е сосема различна од изјавата на претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер, кој предупреди дека изборот на Трамп за претседател, може да ги наруши односите меѓу ЕУ и САД.
Ново на Сител
-

Со месеци чекање за дијагноза, со саати за преглед - секоја година истите маки на онколошките пациенти
-

Нема простор за паника, но има потреба од внимателност по одложувањето на вакцинацијата со БСЖ
-

Преглед на вестите од светот
-

СДСМ: Ние сме единствена партија која е за зголемување на минималната плата на 600 евра
-

Петрушевски: Случајот со хеликоптерите е доказ за криминал и корупција во владеењето на СДСМ
-

„Парите во ѕидот се наши, кога ќе останеше некоја паричка ја ставав во дупчето“ - сведочеше мајката на Ѓоко Ристов
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Иванка Василевска, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ
