Божикна литургија во Делчево

Во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Делчево рано изутрината се држа света божествена литургија по повод Христовото раѓање – Божик. Со поздравот „Христос се роди“ протоереј Атанас Поповски, упатувајки богопослание за мир и благослов пред верниците истакна дека Божик е матица на сите други христијански празници, бидејќи со Христовото раѓање се смета и почетокот на новата ера.
-Со рождеството на Витлеемскиот богомладенец се објави неповторлива радост за светлина, светлината на разумот и се благослови вистината дека Бог од љубов се роди како човек и како богочовек. Во Синот Божји го видовме образот на совршениот човек и преку него ни се откри смислата на постоењето на човекот и светлината. Токму поради ова наша должност е во секој човек да гледаме со Христовите очи, да покажуваме љубов, да бидеме страдални, да се молиме да помагаме, да ги благословуваме дури и оние што се однесуваат непријателски, но и да се радуваме со Господа и не само во збор да се именуваме како христијани, туку да го покажеме тоа и со нашите дела, истакна Поповски.
На богослужбата присуствуваа голем број на верници кои се помолија за свое здравје и здравје на своите најблиски.
Синоќа пред Божик, во кругот на семејствата во Делчевско се служеше Бадникова вечера на која се кршеше лепче со паричка. На оние на кои им се падна паричката се верува дека ќе бидат среќни во текот на целата година. Божиќните служби, како што најавија од црквата „Успение на Пресвета Богородица“, ќе продолжат во текот на наредните два дена.
Ново на Сител
-

Убиена 48 годишна жена од село Таор, осомничен поранешниот сопруг кој ја пријавил за исчезната
-

Тема на денот со Билјана Кузмановска, национален координатор за трансплантација
-

Спорни тендери во кочански „Водовод“
-

Од живо од скопско Таор: Четворица приведени за убиството на 48 годишна жена
-

Сали: ВРЕДИ ќе раководи со 6 ресори по реконструкцијата
-

Пратениците одлучуваат од кога кај матичен лекар ќе се изјаснуваме за донирање на органите по смртта
-

Топлотен бран ја зафати Македонија
-

СДСМ: Загрозен е вториот пензиски столб, ВМРО-ДПМНЕ: Лагите ги повторуваат како папагали
