Божикни базари со ракотворби изработени од лица со Даунов синдром
Сите лица со Даунов синдром кои имаат креативен и занаетчиски потенцијал и изработуваат занаетчиски творби своите производи ќе можат да ги продаваат на Божикните базари што ги организира Центарот за Даунов синдром, а ќе се одржат на 5 и 6 декември во Скопје. Заинтересираните треба да се пријават во Центарот за даунов синдром најдоцна до 1 декември.
- Заработката од продажбата е на творците, а Центарот за Даунов синдром ќе ги покрие трошоците за изнајмување на штанд или партиципација за тие да немаат никаков трошок. Целта ни е да им помогнеме да и се претстават на македонската јавност со својот талент и да им помогнат на своите сограѓани да препознаат во нив многу повеќе од предрасудите кои ги имале до сега за лицата со Даунов синдром. Тие се рамноправни учесници во нашиот јавен живот и ваквата можност е само доказ за нивната потреба да не бидат сожалувани, туку вреднувани во категоријата на сите други занаетчии и креативци, се вели во денешното соопштение од Центарот за даунов синдром.
Ново на Сител
-
Протести во Струмица поради загаден воздух
-
Бизнисот и унгарскиот кредит
-
Во Охрид засилено се гради
-
Преглед на вестите од светот
-
Во Македонија над 140 луѓе годишно гинат во сообраќајки: Кога ќе профункционира Сејф сити?
-
Протестите со поддршка и од премиерот
-
Протест за смртта на Фросина и во Неготино
-
Тема на денот со Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО - ДПМНЕ