Спорт плус
13. February 2016 - 16:17

Божиновски без пласман во супервелеслалом

Младиот македонски скијач, Лука Божиновски, во саботата, го имаше првиот настап на вторите младински Зимски олимписки игри. Божиновски настапи во супервелеслалом, но не успеа да ја заврши трката.
 
Божиновски, во конкуренција на 56 натпреварувачи, стартувал како 40-ти, но излетал од патеката непосредно пред целната линија. 
 
Лука Божиновски, в недела, ќе настапи во алпска комбинација.
 
Претходно, дебито на младинската олимпијада го имаше и нордиецот Ставре Јада, кој во крос кантри го освои 43-то место.