Брамерц: Ќе ја разгледаме одлуката за ослободување на Младиќ за геноцид во шест општини
Главниот обвинител на Хашкиот трибунал Серџ Брамерц, по изрекувањето на пресудата на поранешниот командант на војската на Република Српска Ратко Младиќ на доживотна казна затвор, рече дека таа пресуда е важна бидејќи се случува во време кога злосторствата се зголемуваат.
Според него, како што јави ФЕНА, само жртвите се вистински херои.
Тој најави дека Обвинителството на Хашкиот трибунал ќе ја разгледа одлуката за ослободување на Младиќ за геноцид во шест општини.
- Ние ќе ја преиспитаме таа одлука. Советот, сепак, утврди дека во тие општини се извршени злосторства против човештвото и дека Младиќ е виновен за тоа, истакна Брамерц.
Тој смета дека ќе има тврдења дека денешната пресуда е против српскиот народ, но дека, сепак, ова е вина на Младиќ.
- Тие велат дека Младиќ е херој и дека го бранел својот народ. Мислам дека оваа пресуда го докажува спротивното, рече Брамерц.
Судскиот совет на Хашкиот трибунал денеска го осуси воениот командант на Војската на Република Српска Ратко Младиќ на доживотна казна затвор. Станува збор за првостепена пресуда, на која можат да се жалат и Обвинителството и одбраната на Младиќ.
Обвинението на Младиќ се однесува за воени злосторства направени на територијата на Босна и Херцеговина во периодот од 1992 до 1995 година, вклучувајќи и геноцид.
Младиќ беше уапсен на 26 мај 2011 година, по 12 години криење во околината на Лазарево, а во Хаг беше испорачан на 31 мај истата година.
Ново на Сител
-
Надал пред Дејвис купот: Не сум тука за да се пензионирам, туку да му помогнам на тимот
-
АХВ: На влезот на Дебар спречен обид за пренос на 17 телиња
-
Советот на јавни обвинители ја потврди одлуката на републичкиот обвинител за суспендирање на Хајрулахи
-
Предлог притвор за малолетник кој со нож во глава убодел 15-годишник
-
Тридневна жалост во Параќин поради смртта на петнаесеттата жртва
-
Мицкоски: Економската соработка со Косово ќе биде над половина милијарда евра
-
Стабилно време со утриснка магла до среда, а потоа дожд и ветер
-
СДСМ: Власта ги запостави домашните компaнии