Бранови исфрлиле дрога на брегот на Црното Море
Романската полиција пронашла десетици пакети со кокаин со вкупна тежина од околу 100 килограми кои брановите ги исфрлиле на брегот на Црното Море, а надлежните претпоставуваат дека дрогата е дел од товарот кој беше откриен на брод што пред десетина дена се преврте во делтата на Дунав.
Според полициски извори, пакетите ги пронашле граѓани на плажите на романското приморје и пријавиле во полиција.
Полицијата на градот Констанца ги предупреди граѓаните да не ги отвораат пакетите на плажата, затоа што содржат опасни материи.
На брегот на Црното Море во тек е голема операција во врска со шверц на наркотици со која раководат романското обвинителство, полицијата, жандармеријата и граничарите.
Романските власти пред десетина дена запленија повеќе од еден тон кокаин со висок квалитет кој бил скриен на брод што се преврте во делтата на Дунав, а тогаш беше соопштено дека полицијата уапсила двајца Срби.
Уличната вредност на запленетата дрога се проценува на 300 милиони евра.
Ново на Сител
-
Александар Стефанов нов претседател на Ракометната федерација на Македонија
-
Пробале да го легитимираат, а тој со возилото удрил во полициско службено возило
-
Пронајдена дрога во Струмица и Гевгелија, приведени пет дилери
-
По инцидентите на масовниот протест во Атина приведени 220 лица
-
Зеленски на средба со европските и лидерите на НАТО во Лондон
-
Пронајдена граната од Прва светска војна во дворот на Педагошкиот факултет во Битола
-
Тешко повреден 70-годишен скопјанец откако бил удрен од автобус на ЈСП
-
Тетовчанец со возило удрил малолетник и побегнал