Свет
3. April 2022 - 9:27

Братчук: Во Одеса погоден „критичен инфраструктурен објект“

 Портпаролот на регионалната администрација Сергеј Братчук изјави дека утрово е погоден еден од „критичните инфраструктурни објекти“ во Одеса.

– Се надевама дека нема жртви, посочи Братчук.

Одеса утрово ја погодија серија експлозии, а има најмалку три големи пожари во индустрискиот дел во стратешкото пристаниште во Црно Море.