-->
-->
Британец поминал 6 дена во бунар на Бали, паднал дур бегал од куче
-->
29-годишен Британец е извлечен откако шест дена бил заглавен во бунар во кој паднал на Бали.
Во бунарот имало мала количина на вода, која Џејкоб Робертс можел да ја пие, а при паѓањето во бунарот длабок шест метри, ја скршил ногата, пренесува „BBC“.
Несреќата се случила во селото Пекату, додека бегал од куче, а поради скршената нога не можел сам да излезе.
Спасен е кога неговите молби за помош ги слушнал еден жител од селото, кој во тој изолиран дел барал храна за стоката.
Во акцијата за спасување учествувале три спасувачи во заштитни одела, кои му рекле на Робертс дека изгледа слабо и измачено.
Засега не е познато дали Робертс живее на Бали или е турист. Бали поради епидемијата на коронавирусот веќе два месеци е во карантин.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Посебен сообраќаен режим кон градските гробишта поради Задушница
-

Шасивари: Криминалот не смее да се исплати, а незаконски стекнатиот имот мора да се одземе
-

Во Берото утрово најстудено, во Гевгелија 3 степени
-

Митровденска задушница - спомен за починатите
-

Уапсен вооружен маж во близина на Белата куќа: Тврдел дека гласови му наредиле да го убие Трамп
-

Ѓорѓиевски: Камениот мост повторно блесна - гордоста на Скопје во полн сјај
-

Русија со нови ракетни напади врз Киев, одекнаа десетици експлозии
-

Масовните протести во Франција влегуваат во четвртиот викенд
