Британската парламентарна комисија за Брегзит бара во февруари Владата да соопшти план за излез од ЕУ
Британската парламентарна комисија за Брегзит бара Владата до средината на февруари да објави „бела книга", во која ќе претстави детален план за излез од Европската унија.
Во извештајот објавен денеска, комисијата вели дека парламентот треба да биде информиран доволно рано пред официјалниот почеток на постапката за „развод" со ЕУ. „Се надеваме дека ќе видиме таков план најдоцна до средината на февруари 2017 година", се наведува во извештајот на комисијата.
Портпаролот на владата изјави дека има намера да објави план за Брегзит до крајот на март, за да не им наштети на позицијата на Обединетото Кралство во преговорите. Премиерката Тереза Меј си дала рок до крајот на март, кога треба да информира како планира да го активира излегувањето од ЕУ.
Поради големата важност на одвивањето на овој процес, парламентарната комисија бара планот на Владата да биде објавен во форма на „бела книга", во која владата јасно ќе го изложи ставот по прашањето дали Велика Британија ќе остане во единствениот европски пазар или не.
Во вторник Меј ќе се обрати пред парламентот за Брегзит. Досега таа одбива да ги открие своите намери со што предизвикува силни критики
Ново на Сител
-
Уставен поведе постапка за оценување на уставноста на измените на КЗ
-
Премиерот го повика државниот обвинител сам да поднесе оставка
-
Членовите на Судски совет прво ќе анализираат па дури потоа ќе кажат дали ќе си поднесат оставка
-
Доживотен затвор за убиецот на штипјанката Емилија Пешева
-
Без тапани, со економска поддршка ќе се бранат Македонците во Албанија
-
Пропадна обидот за намалување патни трошоци
-
Села ги доби печатите од АА
-
Владата на вонредна седница утре ќе ги замрзне маржите на 100 групи производи