Британскиот заменик амбасадор Едвардс ја посети Агенцијата за остварување на правата на заедниците

Британскиот заменик амбасадор, Пол Едвардс, денеска ја посети Агенцијата за остварување на правата на заедниците (АОПЗ) каде на средба со Џелал Хоџиќ, в.д заменик-директор беше запознаен со работата на Агенцијата, како и проблемите и предизвиците со кои таа се соочува.
Како што соопшти АОПЗ, на средбата се дискутираше и за состојбата на заедниците кои се под 20 отсто, нивната правична застапеност во админстрацијата.
- Амбасадорот беше информиран и за идните планови на АОПЗ, за обновената соработка со ОБСЕ и заедничките активности во периодот кој следува. Како голем проблем на заедниците под 20 отсто, Хоџиќ го потенцираше остварувањето на правото и квалитетот на образование на мајчин јазик, се наведува во соопштението.
Амбасадорот Едвардс, се додава, ја искористи приликата и на средбата ја претстави Чивнинг програмата за магистерски студии за 2018/2019 во Обединетото Кралство
Ново на Сител
-

Товарно возило излетало од патот Струмица-Радовиш, возачот загинал на местото на настанот
-

52-годишен гостиварец нападнал малолетник
-

Мицкоски: Со модернизацијата на хидроелектраните ќе го зголемиме производството на обновлива енергија
-

Рубио: Куба веќе „падна“ и е пропадната држава
-

Иран се закани со напади врз енергетската инфраструктура по говор на Трамп
-

Уапсен маж од Осака - чувал крокодил без дозвола
-

МЕРМС: За само две години Министерството постави највисок стандард на отвореност
-

Жените сe 39,2 отсто застапени во Собранието, но само 15 отсто во Владата, утврди ДЗР
