Британските полицајци ќе пукаат во терористи кои ќе користат возило за напад

Британската полиција наскоро ќе добие овластувања да може да пука во терористите кои како оружје ќе кристат возило, за да се спречи нападот, соопшти Советот на полициските комесари на Британија.
Досегашните правила не им дозволуваа на вооружените полицајци да пукаат во возачот додека возилото е во движење, стравувајќи дека тоа би можело да предизвика потешки последици.
Новата тактика на полицијата во нејзината пресметка со исламските милитанти доаѓа по лондонскиот напад, кога британскиот муслиман, Халид Масуд со своето возило, возејќи со голема брзина по тротоар на мостот Вестминстер, уби четворица пешаци, по што беше застрелан.
Вакви напади, кога џихадисти користат автомобили и камиони за да убиваат невини луге по улиците и тротоарите, се случија прво во Ница, во Франција, минатото лето, каде бројот на жртвите беше најголем, а подоцна и во Берлин, во центарот на градот, пред Божикните празници и неодамна во Стокхолм, во една тамошна пешачка зона.
„Кога возилото се користи како оружје, за да убива, нема друга тактика освен да се запре по секоја цена, посебно кога станува збор за големи и тешки камиони“, се вели во полициското соопштение.
Во него се посочува дека за возилото „убиец“ да се запре ќе мора да се пука во возачот, особено што британската полиција сега располага со муниција што може да ги пробие вратите и прозорците на возилата.
„Ситуацијата (со овој вид тероризам) не натера , полицајците кои носат оружје, да станат многу поагресивни од досега“, изјави за лондонските медиуми членот на овој полициски совет, Сајмон Честерман.
Тој открива дека полициските сили во Англија и Велс ќе добијат уште 1.500 полицајци под оружје, па до 2018 година, нивниот број ќе зе зголеми на 10.500.
Ново на Сител
-

Илон Маск: УСАИД беше политичка организација, никој не умре што ѝ ги скративме парите
-

Ги тепале сопствените мајки: 34-годишник бидејќи не му дала пари, 24-годишник ја влечел заглавена за врата од кола
-

Иран повторно ѝ се закани на Бугарија поради американските авиони
-

Фатени на камера, со натписи „УЧК“ вандализиран Српскиот културен центар во Куманово | ВИДЕО
-

Поскапува парното во Скопје, новите цени важат од 1 август
-

Ќерката на Гоце Тодоровски: Уште кога си замина кумац Ванчо, замина и дел од тебе, сега барем знам дека сте заедно
-

Авионска дезинсекција против комарци во Скопје на 30 и 31 јули
-

МВР воведува брзи тестови за дрога кај возачите – резултат за 10 минути
