Брнабиќ: Безбедносните служби спречија атентат на Вучиќ
Ана Брнабиќ, премиерката на Србија, се осврна на изјавите од судењето на криминалната група на Вељко Беливук кој е осомничен за повеќекратни убиства
Брнабиќ вели дека по изјавите во Специјалниот суд во Белград, јасно е дека кланот Беливук бил подготвен да ја смени демократски избраната власт во Србија. Таа изјави дека најголем противник на кланот на Беливук е српскиот претседател Александар Вучиќ, кој, како што вели, било планирано да биде убиен.
„Благодарам на нашите безбедносни служби што го спречија убиството на претседателот на Србија кога тој објави војна против организираниот криминал и мафијата. Но, борбата не е завршена, директорите и главните организатори се уште се на слобода и надвор од дофатот на нашите служби“ – напиша Брнабиќ на Твитер.
Премиерката на Србија додаде дека конечно е слушнато признанието на „оние кои планирале напад врз срцето на земјата“ и дека прашање е дали ќе слушнат „барем едно извинување до сите оние кои се потсмеваа со знаењето на безбедносните служби“.
Вчера во Специјалниот суд во Белград продолжи судењето на кланот Вељко Беливук за седум тешки убиства и голем број кривични дела.
Ново на Сител
-
Чествување на Свети Ѓорѓи Кратовски
-
Избори во Германија
-
Мицкоски: Не знам дали ќе успеам но не се откажувам
-
Предлогот за разрешување на обвинителот Коцевски, во вторник на Владина седница
-
Премиерот Мицкоски негира партиски вработувања во администрацијата, СДСМ бара истрага
-
СДСМ обвинува дека на Меџити му се одземени ингеренциите поради мито од фирми и граѓани, Мицкоски негира
-
Пробиштипјанка измамена за 1.4 милиони денари
-
По 4 децении од почетокот на градбата годинава треба да почне со работа новото крило во струмичката болница