Брнабиќ: И во светата православна ноќ Србите на Косово не се безбедни
По повод нападот врз српските млади момчиња кај Штрпце се огласи и премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, која рече дека и во светата православна ноќ Србите на Косово не се безбедни.
Премиерката на својот Твитер профил напиша и дека го осудува ова злосторство, како и дека бара меѓународната заедница веднаш да реагира и виновниците да се изведат пред лицето на правдата.
„Дури и во светата православна ноќ Србите во Косово не се безбедни. Најостро го осудувам ова злосторство и барам од меѓународната заедница веднаш да реагира и да ги изведе виновниците пред лицето на правдата. Ова е уште еден во низата страшни инциденти, кои покажуваат сериозноста на условите во кои живеат секојдневно Србите на Косово. Кога секојдневното и системското насилство постојано се потценува, тогаш екстремизмот брзо се шири од илузорното привремено раководство на целото општество, а злосторствата стануваат заедничко секојдневие на угнетените. Косово – последното европско гето“, напиша премиерката на својата сметка.
Ново на Сител
-

Eлектрични тротинети ќе возат само полнолетни, не побрзо од 20 км/ч
-

Тема на денот со Дарко Костадиновски, претседател на Уставен суд
-

Пратениците не ја прифатија интерпелацијата за работата на министерот Тошковски
-

Преглед на вестите од светот
-

По третпат интерпелација за Тошковски во Собранието
-

Бугарскиот амбасадор повикан во македонското МНР за дипломатската нота за семејството на премиерот
-

„Везилка“ почнува со работа
-

Филипче: Загрозен вториот пензиски столб, дупката во ПИОМ е 40%
