Брнабиќ најсериозен кандидат за претседател на Собранието на Србија
Актуелната премиерка на Србија, Ана Брнабиќ, по се изгледа нема да остане на чело на Владата на Србија. Како што дознава дневниот весник „Нова“, Брнабиќ е најсериозен кандидат за преземање на функцијата претседател на српското Собрание, јави дописникот на МИА од Белград.
– Србија до крајот на летото треба да има нова Влада, а како што сега стојат работите Брнабиќ повеќе нема да го има главниот збор во Немањина 11 (Владата), објави Нова.рс.
Како што дознава весникот, нејзината нова улога ќе биде во Парламентот, каде на претседателската функција ќе го наследи Ивица Дачиќ.
Конститутивната седница на Собранието на Србија треба да се одржи на крајот на јули или во првите денови од август, по што ќе се гласа за новиот претседател на Парламентот.
– Брнабиќ се споменува како прв избор на Вучиќ за таа функција и тоа е веќе познато во владејачката коалиција на Српската напредна партија (СНС), изјави неименуван извор за Нова од СНС.
Белградски медиуми пред два дена соопштија дека министерот за финансии Синиша Мали е најсериозен кандидат за нов премиер на Србија, наведувајќи дека тој веќе го пишува експозето.
– Точно е дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека има четворица кандидати за мандатарската позиција, од кои двајца се познати на јавноста, двајца не, а меѓу нив има и непартиски експерти, но се чини дека во овој момент министерот Мали е на прагот да стане прв човек на Владата, објави весникот Данас, повикувајќи се на извор од актуелната власт.
Ново на Сител
-
Приведен крадец во тетовски Порој, затекнат на дело
-
Приведени две лица, претрес во Штип, пронајдена дрога
-
Приведени двајца кавадарчани поради семејно насилство
-
АСО: Граѓани наплатија над седум милиони евра од осигурување живот за пет месеци
-
Приведен 28-годишник од Тетовско баран по централна потерница
-
ДЗР: Одржувањето на магистралните и регионалните патишта во опасност поради сериозните финансиски предизвици на ЈП
-
Делови на Грција денеска се очекува да бидат зафатени од силно невреме
-
Честитка од Сиљановска-Давкова до американскиот претседател Бајден по повод Денот на независноста на САД