Брнз: Донесувањето на Законот за пописот важен чекор,статистичката операција клучна за креирање на идните развојни политики
Амбасадорката на Соединетите Американски Државни во Македонија Кејт Мари Брнз го поддржа носењето на Законот за попис во Собранието. Во интервју за Гласот на Америка, таа оценува дека тоа е важен чекор напред, бидејќи во земјава населението и имотот не е попишан речиси 20 години, а оваа статистичка операција е клучна за креирањето на идните развојни политики.
-Пред сè, многу сум среќна што Законот за попис помина во Парламентот. Уште повеќе што помина со поддршка на два опозициски партнери, и владината коалиција. Ова е важен чекор. Македонија немала попис речиси 20 години, а тоа се одрази врз процесот на водење на политиките, бидејќи точните податоци за населението се важен дел во планирање на иднината. Очекуваме дека Владата ќе осигури пописот да го направат професионалци, што ќе обезбеди информации кои ќе ѝ помогнат на државата во однос на иднината, изјави Брнз.
Според Законот, пописот во Македонија ќе се спроведе од 1 до 21 април.
Од независноста на земјата до сега се спроведени два целосни пописа, еден делумен во 1991, а обидот за пребројување на населението кое го организираше владата на ВМРО-ДПМНЕ во 2011 година пропадна.
Ново на Сител
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари
-
Почна расправа за струјата
-
Од министерска во директорска фотелја – Фатмир Меџити е нов директор на Клиниката за неврологија
-
Клиниките во Скопје и Штип ќе ги лечиме на арбитража во Париз
-
На секоја втора фирма лани и било барано мито, сумите одат и до 100 илјади евра