Свет
19. December 2015 - 17:55

Брод со над 100 патници потонал во Индонезија

Повеќе од 100 луѓе се водат како исчезнати откако патнички брод потона во близина на индонезискиот остров Сулавеси.

Бродот патувал меѓу двете пристаништа на островот, но бидејќи не пристигнал на одредената дестинација во Сива, локалните медиуми наведуваат дека најверојатно потонал.

Пристанишните власти соопштиле дека го загубиле контактот со бродот, откако поради невремето му откажал моторот.

Полицијата испратила патролни чамци во потрага по бродот, на кој се наоѓале околу 120 лица, меѓи кои најмалку 14 деца.