Бројот на новозаболени од Ковид-19 дневно се уште трицифрен, да се почитуваат мерките за заштита
Нови 141 случај со Ковид-19 од 1.885 тестирања беа евидентирани во вчерашниот извештај на Министерството за здравство за изминати 24 часа. Почина една 51-годишна пациентка од Скопје. Регистрирани се 161 оздравен пациент.
Вкупниот број Ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 12.083, бројот на оздравени пациенти е 8.248, на починати е 529, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.306.
Од вкупниот број активни случаи, во Скопје има 1.157, во Штип 342, во Гостивар 285, во Куманово 266, во Тетово 175, во Струга 151, во Кичево 133, во Дебар 128, во Свети Николе 103…
Досега во земјава се направени вкупно 11.7475 тестирања на Ковид -19.
На Инфективната клиника примени се пет пациенти. Вкупно се хоспитализирани 78 пациенти од кои на кислородна поддршка се 25 пациенти, а нема на механичка вентилација.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 13 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19 и четири деца позитивни на вирусот и еден пациент суспектен на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ во Скопје примени се 12 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 86 пациенти од кои на респираторна машина се шест пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 31, а во болницата во Штип се хоспитализирани 49 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 127 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Министерот за здравство Венко Филипче апелира и натаму да се почитуваат на мерките за заштита од Ковид-19. – Само преку носење маска, често миење на рацете и одржување физичка дистанца можеме да го намалиме ширењето на вирусот, вели Филипче.
Ново на Сител
-
Продолжуваат протестите во Турција поради приведувањето на градоначалникот на Истанбул
-
Почина Тоше Поп-Симонов
-
Москва и Киев разменија воени заробеници пред Велигден
-
Собир на вработени во РТС: Ако раководството не ни се обрати итно – ќе сметаме дека се повлекле
-
Пронајден возачот кој во Скопје со „фиат” удри во тротинет
-
Путин објави велигденско примирје - запираат сите воени операции
-
Бискуп Киро: Велигден не познава ,,наш" и ,,ваш" календар - да се молиме за заедничко чествување затоа што тој му припаѓа на Христос
-
Кривична против лице од Врапчиште за приложување на фалсификувана возачка на Табановце