Бројот на позитивни случаи на коронавирус во Словенија и натаму рапидно се зголемува
Во Словенија се потврдени 1.690 нови позитивни случаи на коронавирус од направени 6.580 тестови во последните 24 часа, а 31 лице почина како резултат на Ковид-19, со што вкупниот број на смртни случаи достигна повеќе од илјада, соопшти денеска словенечката влада.
Уделот на позитивни тестови е 25,68 проценти, што е помалку од претходниот ден, иако беа откриени повеќе инфекции поради опсегот на тестирање.
Вкупниот број на позитивни случаи од почетокот на епидемијата се зголеми на 64.270, а бројот на починати на 1.026.
Во моментот во болниците има 1.219 пациенти со Ковид-19, што е за 21 пациент повеќе од претходниот ден, а во единиците за интензивна нега има уште 197 пациенти во тешка здравствена состојба.
Поради големиот број заразени меѓу медицинскиот персонал, систематското и задолжително тестирање на коронавирус ќе започне во здравствените установи од почетокот на следната недела. Здравствените работници ќе бидат тестирани најмалку еднаш неделно, а владата нареди подготовки за слични тестови во домови за стари и изнемоштени лица.
Ново на Сител
-
Насер Зибери избран за народен правобранител
-
Македонија не добила рок за вакцините од Европската комисија
-
Се расчистува снегот што ноќеска го затрупа патот низ викенд населбата на Попова Шапка поради невреме
-
17-годишен скопјанец нападнат од неколку лица во Градскиот парк
-
Кривични пријави за двајца беровчани кои извршиле седум тешки кражби
-
За околу 35 отсто ќе се зголеми вредноста на дежурствата во ковид одделенијата во ГОБ „8 Септември“
-
Приведен криминалец баран со потерница
-
Модерна: Нашата вакцина штити и од новите мутации на вирусот