Бројот на загинати во пожарот во северна Калифорнија се зголеми на 42 лица

Бројот на загинати во пожарот во северна Калифорнија се зголеми на 42 лица, со што стана најсмртоносниот во историјата на Калифорнија, изјави вчера шерифот на округот Бут.
Последните податоци беа објавени откако властите ги открија останките на уште 13 жртви на огнената стихија.
Пожарот во Калифорнија, кој избувна во четвртокот, се претвори во најразорниот во историјата на државата откако опустоши 7.100 станбени и други згради.
Тринаесетте нови жертви беа пронајдени во изгорени автомобили, меѓу урнатините на нивните домови или во близина на нивните автомобили. Тие ги загубиле своите животи задушувајќи се од чад или биле зафатени од огнот пред да стигнат до возилата со цел за да избегаат.
Американскиот претседател Доналд Трамп ја прогласи Калифорнија за зона на катастрофи.
Ново на Сител
-

Премиерот Мицкоски во посета на Охрид
-

Стабилно и топло време, утре услови за локална нестабилност
-

Украина го обвини Меѓународниот олимписки комитет за лицемерие
-

Синер без загубен сет го совлада Ѓоковиќ за финале на Вимблдон
-

Трамп: Иран бара продолжување на преговорите, ние се согласивме, но предупредуваме дека прекинот на огнот е завршен
-

СП 2026: Една жртва во прославата по пласманот на Франција во полуфиналето
-

Проширена истрагата за ботоксите, осомничени уште четири лица
-

Мицкоски: Владата подготвува мерки за поддршка на млекопроизводителите, ќе се заострат критериумите за увоз на млеко во прав
