Бројот на загинати во земјотресите во Турција се зголеми на 48.448
Бројот на загинати во силните земјотреси што на 6 февруари ја погодија јужна Турција се зголеми на 48.448, соопшти денеска министерот за внатрешни работи на земјата, Сулејман Сојлу.
„Меѓу загинатите има 6.660 странски државјани“, рече Сојлу на заедничката прес-конференција со министерот за култура и туризам Мехмет Нуријем Ерсој, во провинцијата Малатија погодена од земјотресот.
Тој додаде дека се работи на отстранување на урнатините.
Земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени на 6 февруари ги погодија 11-те турски провинции – Адана, Адијаман, Дијарбакир, Елазиг, Хатај, Газиантеп, Кахраманмараш, Килис, Малатија, Османије и Санлиурфу.
Повеќе од 13,5 милиони луѓе во Турција беа погодени од разорниот земјотрес, како и илјадници други во северна Сирија.
Ново на Сител
-
СДСМ утре избира претседател - зошто Филипче нема ниту еден противкандидат?
-
Нема алтернатива за ЕУ
-
Над 160 веб страници за нелегално онлајн обложување ќе бидат затворени
-
Какви цени нуди Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Aсмир Јахоски во Шутка - Судот ја прифати жалбата на обвинителството
-
Вучиќ: Ќе го уапсиме секој кој ќе предизвика нереди
-
Тема на денот со Љуљазим Фаризи, аналитичар