Бројот на заразени со Ковид-19 во кланица во Германија достигна 657 лица
Регионалните власти во Германија соопштија денеска дека бројот на заразени со коронавирус во најголемата кланица во Германија, во западната област Гитерсло, се зголемил на 657 лица.
Досега се тестирани 983 работници во кланицата на компанијата „Тенис“ (Toennies) во местото Реда-Виденбрик, а од нив само 326 биле негативни.
Веднаш е добиен налог за затворање на кланицата, како и карантин и тестирање на сите кои работеле во комплексот, со што околу 7.000 луѓе се ставени во изолација.
Локалните власти одлучиле од утре да ги затворат училиштата и градинките во тој регион до почетокот на летниот распуст кон крајот на месецов, но одлучиле да не воведуваат пошироки рестриктивни мерки.
Порастот на бројот на заразените во кланицата го зголеми бројот на инфицирани во тој регион над утврдениот праг за воведување вонредни мерки, а тоа е 50 новозаразени неделно на 100.000 жители.
Ново на Сител
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена
-
Евростат: Невработени во март биле 13,2 милиони лица во Унијата, на Германија до 2035 ќе и фалат 7 милиони работници
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен ден од кампањата - Партиите и коалициите со завршни митинзи
-
Над 200 болни и 203 затвореници утре ќе гласаат во Штип