Бронзен медал за Македонија на Олимпијадата по информатика во Техеран

Седумнаесетгодишниот средношколец Филип Михов го освои бронзениот медал за Македонија на 29. Интернационална олимпијада по информатика (ИОИ), која се одржува во Техеран од 28 јули до 4 август.
Учествуваа уште тројца македонски средношколци - Владимир Максимовски, Димитар Бајрактаров и Марко Ќаласан, предводени од д-р Марија Михова и д-р Кире Триводалиев од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ).
- На ИОИ 2017 учествуваат вкупно 304 ученици од 82 земји. И останатите тројца наши натпреварувачи постигнаа забележителни резултати, при што Димитар Бајрактаров беше на дофат на освојување на бронзен медал – од овој извонреден резултат го делеа само 3 поени, соопшти Здружението на информатичарите на Македонија за успехот на македонските средношколци на најпрестижниот натпревар од областа на програмирањето за средношколци од целиот свет.
Четворицата средношколци-учесници на ИОИ 2017 биле избрани во целогодишен циклус натпревари кој е редовно организиран од Здружението на информатичарите на Македонија, а оваа година се одржуваше по 28-ми пат.
- Со остварениот резултат, младите наши ученици уште еднаш, по кој знае кој пат, покажаа дека Македонија треба да биде горда на нив. Почнувајќи од 2010 година нашите претставници на ИОИ континуирано постигнуваат одлични резултати, освојувајќи медали речиси секоја година, изјави д-р Миле Јованов, претседател на Здружението на информатичарите на Македонија и член на интернационалниот комитет на Олимпијадата.
Република Македонија првпат како независна држава учествуваше на ИОИ во 1996 година и досега има освоено еден сребрен и 15 бронзени медали.
Следната, 30-та Интернационална олимпијада по информатика ќе се одржи идната година во Токио.
Ново на Сител
-

Разузнавачки агенции: Кина гради мрежи од компромитирани уреди за кибер-активности
-

Мицкоски: Ќе има дополнителни мерки за нафтената криза, се бориме напорно и во исто време се бориме со хаосот кој го наследивме
-

Мицкоски: Фетаи ќе се врати во Брисел, реконструкцијата ќе биде на крајот на мај или јуни, можни се ротации на ресорите
-

ЕУ официјално го одобри заемот за Украина и воведе нови санкции против Русија
-

Српската полиција уапси македонски државјанин осомничен дека сторил кривично дело измама
-

Утре без струја општините Студеничани, Петровец, Карпош и Гази Баба
-

Ангелов: Во Битола, на Тумбе Кафе пронајдени 1.067 неексплодирани убојни средства од Првата Светска војна
-

Посебен режим на сообраќај во Скопје во недела поради меморијална трка
