-->
-->
Брозовиќ фатален за Интер!
-->
Фудбалерите на Сампдорија, со пресврт, славеа на „Џузепе Меаца“ против Интер 2:1, во последниот натпревар од 30.коло во Серија А.
Сампдорија, сезонава успеа два пати да слави во Милано, по победата над Милан, фудбалерите од Џенова го совладаа и Интер, што е прва гостинска победа над овој ривал уште од 15.декември 1996 година.
Интер против Сампдорија делуваше конфузно, неорганизирано, без јасна стратегија да се нападне голот на Вивијано, иако „нероазурите“ не реалзиира неколку добри шанси.
Д’Амброзио му донесе водство на Интер во 35.минута, со среќен гол, откако по неговиот лош удар топката закачи еден од дефанзифците на Сампдорија и заврши зад грбот на Вивијано.
Сампдорија израмни во 50.минута, преку младиот Чех, Шик, откако Брозовиќ задоцни во одбраната со поставувањето на офсајд стапицата.
Хрватот се претвори во трагичар на натпреварот кога во 85.минута непотребно играше со рака и им подари пенал на гостите. Успешен изведувач беше Кваљарела.
Интер со деветтиот пораз во сезоната остана на шестата позиција со три бода помалку од Аталанта, додека Сампдорија е на деветтото место со 44 бодови.
Интер во наредното коло ќе гостува кај Кротоне, додека Смапдорија ќе ја пречека Фиорентина.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Изборна статистика
-
Масовна посетеност на струшката литија
-
Страотна сообраќајка кај скопско Влае - тројца повредени
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Избори во Идризово, гласаат близу 900 затвореници
-
Во Штип гласаат болни и изнемоштени, излезноста со ист процент како и во првиот изборен круг
-
МВР подготвено за избори