Буџетот на пленарна седница на 16 декември
Комисиската расправа за предлог Буџетот за 2020 година се очекува да заврши на 10 декември, по што се враќа во Владата, која пак, во рок од два три дена треба да го достави повторно во Собранието. Пленарната седница за Буџетот треба да се одржи на 16 декември, заедно со предлог-законот за извршување на Буџетот.
Рокот за расправа по Буџетот изнесува пет работни дена, информира претседателот на Собранието Талат Џафери, а, како што рече, дали ќе трае пет или помалку денови ќе зависи од текот на расправата.
Во меѓувреме, на 11 декември треба да се одржи и седница со сите доспеани нови предлог-закони, и оние за кои има услови да одат во второ читање.
На барање на претседателот на државата Стево Пендаровски, на 18 декември ќе се одржи седница на која тој ќе има годишно обраќање.
Во периодот од 25-ти до 29 декември Собранието ќе работи да ги дозаврши седниците кои се почнати, а не се завршени сите точки од дневниот ред.
Потоа на 2-ри или 3 јануари треба да се одржи седница за избор на техничка влада, на 100 дена пред одржувањето на изборите кои се закажани за 12 април.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-
75 години Танец
-
Средби и стратегија за пласман пред, а не за време на сезоната бараат земјоделците
-
Водата во Скопје по санацијата е безбедна за користење покажаа испитувањата
-
“Беланоца” криела гранати и ТНТ под земја и во објекти во Арачиново
-
Каде е Груби? Политичките препукувања продолжуваат
-
40 отсто од граѓаните задоволни од Мицкоски, СДСМ вели анкетата е лажна
-
Опозицијата обвинува дека новогодишната кошница нема ефект, власта го тврди спротивното