Бугари одат во Делчево по евтини лекови и храна
Поради проблемите со снабдувањето и високите цени на лековите во Бугарија, стотици Бугари од пограничните места патуваат во Северна Македонија за да купуваат медикаменти што им недостасуваат во домашните аптеки, пренесуваат бугарските медиуми.
– Градот Делчево е на само 15 километри од границата и 30 минути возење од Благоевград. Во последните месеци тамошните фармацевти читаат се повеќе бугарски рецепти. Знаат за проблемите со недостигот на лекови кај нас. Во македонската аптека Бугаринот обично е дарежлив. Тој купува повеќе бидејќи лековите се поевтини, иако тоа не е секогаш случај. Најчесто се бараат лекови против главоболки, симптоми на грип и висок крвен притисок, пишува Нова ТВ.
Бугарите што доаѓаат во Делчево, како што се посочува, никогаш не се враќаат само со лекови, туку секогаш носат вреќа со прехранбени производи набавени од локалните трговци.
Ново на Сител
-

Нов пожар во Штип
-

Мицкоски по средбата во Софија: Бугарија нема нови барања, тоа се истите од 2022 година
-

Мицкоски најави избори
-

ДЗР утврди сериозни слабости во остварување и исплата на правата од социјална заштита во Македонија
-

Савески не гледа ништо спорно што му се јавил премиерот
-

Гром предизвика огнена драма над Штип, за среќа пожарот е изгаснат
-

Ѓорѓиевски: Утврден е сериозен недостаток на пожарникари во целата држава
-

Законите што ќе овозможат изградба на дата центри без дебата го поминаа првиот собраниски филтер
