Бугарите на 27 октомври повторно излегуваат на избори, седми во последните три години
На 27 октомври Бугарија ќе ги одржи седмите парламентарни избори во последните три години, најави претседателот Румен Радев, откако актуелните парламентарни партии не успеаја да формираат влада, пренесе Н1.
Радев најави дека утре во Народното собрание заклетва ќе положи новата техничка влада на Димитар Главчев, која ќе ја води државата до изборите.
-Утре ќе го објавам указот за одржување на предвремени парламентарни избори на 27 октомври, рече Радев откако Главчев му го врачи списокот со имињата на министри во привремената влада.
Бугарија не успеа да формира стабилна влада откако антикорупциските протести ја соборија владејачката коалиција предводена од централнодесничарската партија ГЕРБ во 2020 година.
ГЕРБ, во моментов најголемата политичка сила во парламентот, потоа реформскиот блок „Промените продолжуваат“(ПП) и помалата партија „Има таков народ“ не успеа да формираат влада по изборите на 8 јуни.
Тие избори беа распишани по падот на владата на ГЕРБ и ПП во март. Двете партии се проевропски и про-пазарни, но нивниот сојуз е обележан со внатрешни борби и лични ривалства.
На Бугарија очајно и треба период на стабилна влада со цел да се забрза доаѓањето до европските фондови, неопходни за реконструкција на застарената инфраструктура.
Политичкиот ќорсокак го загрозува планот на Софија за приклучување кон Шенген и еврозоната.
Ново на Сител
-
Без да плати со приватно возило поминувал патарина, кривична за началник
-
Кина: Го почитуваме изборот на американскиот народ
-
Гори Безистенот во Струга
-
Макрон му честита на Трамп
-
Зеленски му честиташе на Трамп: Верувам во продолжување на американската поддршка за Украина
-
Нетанјаху му честиташе на Трамп: Најголемото враќање во историјата
-
Под дејство на дрога 46 годишен скопјанец со голема брзина прегазил жена и избегал
-
Мицкоски му честиташе победа на Трамп