Бугарската Влада ќе ги утврди условите за евроинтеграцијата на Македонија

Владата на Бугарија денеска треба да ја утврди позицијата и условите за поддршка на евроинтеграцијата на Македонија.
Вицепремиерката и министер за надворешни работи Катерина Захариева вчера изјави дека ќе бидат утврдени најважните услови на Софија за поддршка на членството на Скопје во ЕУ.
Во пресрет на очекуваната одлука на Советот на ЕУ за отворање на преговорите, Захариева вели дека Бугарија има интерес тие да почнат, но оти поддршката нема да биде безусловна.
Условите што ќе ги постави Софија се Скопје да ги запре сите претензии за признавање на македонско малцинство во Бугарија, да запре антибугарската идеологија и говорот на омраза, постигнување согласност околу историските прашања и јасни временски одредници за исполнување на овие услови.
– Ние поддржуваме почнување на преговорите, но со јасно вклучување на нашите услови во преговарачката рамка. Тоа се и критериуми за приклучување во ЕУ. Во 35-то поглавје треба да бидат вклучени сите овие прашања. Бараме ова поглавје да биде отворено на почетокот, а да биде затворено на крајот на преговорите, изјави Захариева.
Во бугарското Собрание, пак, вчера беше доставена Предлог-декларација за проширувањето на ЕУ и за процесот на пристапување на Македонија и Албанија. Во документот Софија го повикува Скопје да го спроведува ефикасно, без одлагање и со добра волја Договорот за пријателство и добрососедство. Во текстот се посочува и дека Бугарија се залага за прифаќање на вистината за заедничката историја на двете држави и народи. Се бара да биде прекината секаква форма на говор на омраза кон Бугарија и кон граѓаните на Македонија со бугарско национално чувство.
Во декларацијата се поставуваат неколку услови и за Албанија, како што се гарантирање на правата на бугарското национално малцинство, изучување на мајчиниот јазик, попис на населението според европски стандарди.
Ново на Сител
-

Николоски: Градски воз ќе има, ветивме од 1 септември и од 1 септември ќе оперира
-

ЦУК: Три активни пожари на отворено, еден под контрола и осум изгаснати
-

Норис ја освои пол-позицијата на унгарското Гран при
-

Кражба од големи размери во електровлечната подстаница Драчево
-

ОЈО Прилеп отвори истрага против референт во Центарот за вработување за поткуп од 18.000 денари.
-

Муцунски го обвини Османи за извртување на фактите и избегнување одговорност
-

55 годишна жена пронајдена почината во коритото од чешмата во село Копаница
-

Панел дискусија за органодарителство, за трансплантација на срце чекаат 29 пациенти, 12 за црн дроб, 160 за бубрези
