Бугарскиот министер за здравство го забрани влезот во земјата за државјани од трети земји
Бугарскиот министер за здравство Кирил Ананиев попладнево издаде наредба со која се воведува привремена забрана за влез на територијата на Бугарија на сите грѓани од трети земји. Со наредбата се воведува и процедура за ставање под карантин. се воведуваат и специјални правила за лицата кои вршат дејност на испорака на стоки и услуги, јавија бугарските медиуми.
Со наредбата на граѓаните од трети земји привремено им се забранува да влегуваат на територијата на Бугарија.
Се забранува и влегувањето на граѓани, независно од нивното државјанство, а кои доаѓаат од Италија, Шпанија, Франција, Велика Британија, Северна Ирска, Германија, Холандија, Швајцарија, Австрија, Белгија, Исланд, Лихтенштајн и Луксембург на сите гранични премини и со сите видови транспорт.
Исклучок се прави за бугарските државјани и членовите на нивните семејства.
Сите лица кои ќе влезат во Бугарија се ставаат под 14-дневен задолжителен карантин.
Ново на Сител
-
Учениците од утре на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај
-
Изборната кампања за двојните избори влегува во втората половина
-
Денеска е Цветници
-
Демократскиот сојуз ќе го одржи седмиот Конгрес
-
Во центарот на Куманово ќе биде откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Најмалку пет лица загинаа во торнадо во јужна Кина
-
Зеленски: На Украина и требаат најмалку седум ПВО системи „Патриот“
-
Сончево и релативно топло