Бугарскиот тајкун Божков обвинет за трговија со влијание и антиквитети

Против бугарскиот бизнисмен Васил Божков, кој е уапсен во Обединетите Арапски Емирати, се покренати уште две обвиненија – за трговија со влијание и за поседување и отуѓување на антиквитети. Со тоа бројот на обвиненија против него достигна 11, изјави портпаролката на бугарскиот Јавен обвинител, Сијка Милева.
Божков, кој избега од Бугарија и веќе две недели е уапсен во Абу Даби, започнал постапка во странска земја за помош и застапување пред локалните судски власти, со цел да биде ослободен од притвор.
Засега нема информации дали ОАЕ се подготвени да го исполнат барањето на руските партнери на Божков.
Васил Божков избега од Бугарија на почетокот од овој месец. Против него веќе се покренати седум обвиненија, меѓу кои за предводење на организирана криминална група, за принуда, изнудување, за обид за поткуп на службено лице… Според Обвинителството, организираната криминална група, предводена од Божков, дејствува низ цела Бугарија од 2014 година и има цел да врши принуда, изнудување, перење пари.
Некои материјали за бугарскиот тајкун содржат и информации за други незаконски дејствија – убиства, принуда и силување, за кои е покрената нова предистражна постапка.
Ново на Сител
-

Мобилните царински тимови во 2025. со 271 случај на заплени
-

Од полноќ безнините поскапи за еден денар, цената на дизелот не се менува
-

Министерство за транспорт: Во дијалог со ЕК се операционализираат решенија за барањата на македонските превозници
-

Возеле иако имале забрана, едниот и под дејство на алкохол, приведени возачи во Тиквешко
-

27-годишен неготинец физички ја нападнал својата 19-годишна невенчана сопруга
-

Камион на магистрален пат усмртил 75-годишен дедо од струшко кој бил пријавен за исчезнат
-

Лани околу 12.000 Македонци работеле во Хрватска, најмногу во туризмот
-

Удрил во куче, изгубил контрола па се судрил со возило во спротивна лента, загина 25 годишник од Крива Паланка
