Бугарските морнарите од бродот фатен со три тони кокаин осудени на рекордни една милијардна и 150 милони долари

Судот во Шпанија ги осуди бугарските морнари од бродот „Свети Николај“, фатен пред четири години со три тони кокаин на парична казна од рекордни една милијарда и 150 милиони евра, изјави нивниот адвокат, Владимир Владимиров, пишува „Телеграф“.
- Оваа парична казна е речиси невозможно да се исплати, беше категоричен адвокатот.
Шпанскиот суд ова лето ги осуди бугарските морнари на затвор, при што секој од 21-те морнари добија меѓу шест и десет години затвор.
- Четиринаесет Бугари од екипажот на „Свети Николај“ се осудени на по шест години и еден месец затвор, се наведува во одлуката на Судот и се додава дека тие на шпанската држава и должат вкупно 300 мииони евра.
Еден од морнарите е осуден на шест години затвор и само тој е осуден да плати 400 милиони евра.
Шестмина од морнарите, кои се осудени на по десет години затвор треба заедно да исплатат 450 милиони евра.
- Тие парични казни се пресметани согласно коефициентот, кој се додава и вредноста на запленетата дрога, појасни Владимиров. Тој даде споредба дека еден од тројцата лидери на криминалната група, Шпанецот Хозе Алварес Отеро, кој е осуден на 15 години затвор, треба да плати и парична казна од една милијарда и 800 милиони долари.
Во моментов шестмина од Бугарите, кои се осудени на по десет години затвор се зад решетки во Мадрид. Меѓу нив е и капетанот на „Свети Николај“, Иван Станчев. Останатите 15 се во Бугарија. Освен нив за рекордните три тони кокаин се осудени и уште десетина државјани на други земји.
Ново на Сител
-

ЦУК: Локализиран пожарот кај Лешница
-

МВР: Камерите на „Безбеден град“ во функција во дел од општина Дебрца, наскоро и во Охрид
-

Активни пожари на грчките острови Крит, Андрос, Парос и Калимнос – евакуирани неколку населени места
-

Нетанјаху: Трамп ќе одлучи за иднината на судирот со Иран
-

Високите температури и ветерот ја отежнуваат борбата со пожарите во Турција
-

Собранието по неколку паузи ја заврши седницата за пратенички прашања со едно поставено прашање
-

Запленети над 43 килограми марихуана, приведени 241 лице по еден месец од формирањето на Task force
-

Тошковски: Петкратно зголемена ефикасноста во постапувањето по случаи на семејно насилство
