Бугарското Собрание ја избра новата Влада на Борисов
Бугарското Народно собрание денеска со 133 гласа „за“ и 101 „против“ ја избра новата Влада на Бугарија на премиерот Бојко Борисов.

Како што јави БТА, новата Влада на Борисов има четворица вицепремиери и 18 министри.
За вицепремиери се избрани Томислав Дончев, Валери Симеонов, Красимир Каракачанов и Екатерина Гечева-Захариева. Каракачанов покрај на вицепремиерската функција е избран и за министер за одбрана, а Гечева-Захариева и за шеф на бугарската дипломатија.
Нов бугарски министер за финансии е Владислав Горанов, за внатрешни работи Валентин Радев, за правда Цецка Цачева и за економија Теменужка Петкова.
Веднаш по изборот Борисов и членовите на неговиот Кабинет положија заклетва во Собранието.
Претходно, бугарските пратеници со 133 гласа „за“ и 100 „против“ го избраа Борисов, кој е лидер на партијата Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ), за нов премиер.
Во своето обраќање пред пратениците пред изборот, Борисов изјави дека по волја на бугарскиот народ ГЕРБ и коалицијата Обединети патриоти (ОП) ја „преземаат одговорноста за управување со земјата во следните четири години во моменти кои се историски за светот и Европа“.
Борисов нагласи дека двете страни до договорот за коалициско партнерство стигнале со надминување на меѓусебните разлики и со утврдување на основните приоритети на земјата, како почитување на евроатланскиот пат, гарантирање на националната безбедност, заштита на државните граници, обезбедување повиски плати за граѓаните и подобрување на квалитетот на образованието.
Борисов најави дека еден од приоритетите на неговата Влада ќе биде усвојување на нов антикорупциски закон, со кој ќе биде формирано ново тело за борба против корупција, кое ќе ја земени сегашната антикорупциска комисија.
- Ќе извршиме истрги за корупција во високите нивоа на власта, вети Борисов.
Пред денешното гласање во Парламнтот, предлог-листата на кандидати за членови на неговиот Кабинет, Борисов ја достави до претседателот на Бугарија, Румен Радев.
Ново на Сител
-

Каде е најевтино да го наполните резервоарот на Балканот?
-

Тема на денот со Драган Кочински, епидемиолог и раководител на Одделот за епидемиологија на заразни заболувања во ИЈЗ
-

Расте бројот на заразени со западно-нилска треска
-

Нова бактерија во водоводната мрежа во Гостивар, најави за питка вода се уште нема
-

ДКСК го оспорува предлог-законот за „Скопје – Европска престолнина на културата“
-

Цената на суровата нафта расте – Мицкоски очекува горивата да паднат во понеделник
-

Тензично во Собрание меѓу ДУИ и спикерот Гаши
-

Стоилковиќ: Општините се соочуваат со недостиг од кадар, стартува проект за студентска пракса
