-->
-->
Бујар Османи: Граѓаните се исправени пред две опции, пред изолацијата или интеграцијата
-->
Кандидатот за претседател на коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ Бујар Османи денеска гласаше во избирачкото место во ОУ „Адем Јашари“ во Општина Чаир.
- Да посакам изборите денеска да бидат слободни, фер и демократски. Граѓаните да имаат можност да излезат масовно да гласаат. Да гласаат според своето убедување, но да гласаат со цел и надеж за подобри денови на нашата држава во големата европска фамилија, изјави Османи по гласањето.
Според него, овие избори не се обични туку, како што рече, се одлучувачки избори по однос на иднината на државата.
- Граѓаните се исправени пред две опции, пред изолацијата или интеграцијата. Очекувам да ја донесат вистинската одлука, рече Османи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Наместо 5.000 денари, пензионерите во септември ќе добијат 2.500, а останатите во март
-
Борисов со нови закани, Мицкоски вели дека изјавите му се застарени
-
Синдикатот на полицијата со кривична против Оливер Спасовски
-
Преглед на вестите од светот
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари