-->
-->
Букер се повреди на вториот натпревар од плејофот против Њу Орлеанс
-->
Еден од клучните кошаркари на Феникс санс, Девин Букер, не успеа да го заврши вториот натпревар (114:125) од осминафиналето на плејофот во НБА против Њу Орлеанс.
Дваесет и петгодишниот Американец на натпреварот одигран утринава се здоби со повреда на тетивата на десната нога. Тој го напушти теренот на 4 минути 35 секунди пред крајот на третата четвртина. Букер до крајот на мечот не се врати во игра.
До повредата, Букер постигна 31 поен, реализирајќи 12 од 19 обиди од поле, вклучувајќи 7 од 11 шутеви за тројка.
Резултатот во серијата прв до четири е 1:1 Третиот натпревар ќе се одигра на 23 април на теренот на Њу Ореланс.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Фон дер Лајен: 2025-та мора да биде година на напредок во проширувањето на ЕУ
-
Преглед на вестите од светот
-
153 години од раѓањето на Гоце Делчев
-
Ден на борбата со ракот
-
Зголемен број претставки кај народниот правобранител во Струмица
-
Преглед на вестите од светот
-
70 телефони конфискувани во еден ден во затворот Шутка
-
Тема на денот со Александар Пандов