Царинска управа: Спречен обид за криумчарење 120 килограми тутун за наргиле на ГП „Блаце“

Царински службеници на Граничниот премин „Блаце“, на влез во државата, спречиле обид за криумчарење на вкупно 120 килограми тутун за наргиле, со вредност од 384 илјади денари кои биле наменети за продажба на македонски пазар.
Против сторителот, како што информираат од Царинската управа, од страна на Одделението за истраги, е поднесена кривична пријава за кривично дело „криумчарење“, казниво согласно Кривичниот законик. Со ова е спречен обид за нелегална трговија со акцизна стока за која е избегнато плаќање давачки во износ од 744 илјади денари, од кои 342 илјади денари се однесуваат на акциза.

- Сторителот Ф.Б. државјанин на Македонија набавил вкупно 480 пакувања тутун за наргиле од по 250 грама од лице од Приштина и истите ги сокрил во багажникот, при што дел ги сместил во просторот наменет за резервна гума, а останатите ги покрил со прекривка. При влез во државата, на прашање од страна на царинските службеници дали има нешто за пријавување, лицето изјавило дека нема ништо. Поради сомневање во дадената изјава, службениците извршиле детална контрола, при што биле пронајдени непријавените тутунски производи - информираат од Царинската управа.
Од почетокот на годината, Царинската управа потсетува дека се откриени четири случаи на кривични дела поврзани со криумчарење и нелегална трговија со тутунски производи, за кои се поднесени соодветни кривични пријави до надлежното обвинителство.
МИА
Ново на Сител
-

Повторно раст на цената на нафтата
-

ЕУ и Австралија постигнаа историски договор за слободна трговија и одбранбено партнерство
-

Дебата за институционалните капацитети за спречување и борба против корупцијата
-

Сиљановска-Давкова во официјална посета на Хрватска, средби со Милановиќ и Пленковиќ
-

Тркалезна маса за можноста за воведување уставна жалба
-

Тел Авив под оган, Иран негира преговори: Ескалација на конфликтот на Блискиот Исток
-

Пентагон ја ревидираше медиумската политика согласно судска наредба, но најави жалба
-

Земјотрес со магнитуда од 7,6 степени регистриран во Тихиот Океан во регионот на Тонга
