Царовска: Македонија создава силни институции кои им служат на граѓаните
Македонија е земја која го почитува принципот на отворено владино партнерство што директно значи создавање силни институции во дијалог со граѓанското општество кои им служат на граѓаните. Градењето правда на сите нивоа во државата значи и создавање на демократски капацитет кој е неопходен за сите општества во развој, рече министерката за труд и социјална политика Мила Царовска во обраќањето на настанот „Време е за акција - Правда за сите 2030“, што се одржува во Њујорк во организација на Фондацијата Отворено општество.
Царовска истакна дека правдата во општествата не е само во судскиот и во правниот систем, туку и во ресорите кои се важни за секојдневното живеење. Македонија, рече, работи на намалување на сиромаштијата преку социјалната реформа што дирекно ќе влијае на зголемувањето на правдата, но истовремено се работи на едукација на граѓаните за нивните права.
- Важно е да обезбедиме правда во образованието, здравството, социјалната заштита. Токму за таа цел МТСП ги институционализра системите за правна поддршка и за зајакнување на граѓаните кои се на работ на нашето општество со цел тие да имаат подобро знаење и разбирање за нивните права, но и да можат институциите да им ги обезбедуваат тие права, рече министерката Царовска во обраќањето.
На настанот говореа основачот на фондацијата Отворено општество, Џорџ Сорос, претседателот на Република Сиера Леоне, Џулиус Маада Био, Кристалина Георгиева, извршнa директоркa на Светска банка и Мери Робинсон, поранешна претседателка на Ирска и висока претсавничка за човекови права на Обединетите нации.
Ново на Сител
-
Неизвесен за натпреварот со Порто - Борозан нападнат од кучиња скитници
-
Уапсени две лица барани од Интерпол-Австрија и Интерпол–Словачка
-
Намалување на цените на горивата
-
Царинските службеници запленија техничка стока, цигари, електронски цигари, лековити билки
-
Тројца тинејџери биле приведени вчера откако кај нив полицијата пронашла марихуана
-
Мицкоски на Европскиот самит во Салцбург: Иднината на Македонија е во ЕУ, посветеноста ја докажавме со бројни отстапки и чекори
-
Осум лица аплицираат за две места во ДИК
-
Муцунски: Подготвена нацрт - верзијата на Законот за надворешни работи, која наскоро ќе биде презентирана во јавноста