Царовска: Не се доцни со мерките, првите мерки од третиот сет ќе бидат преточени во уредба наредната недела
Вицепреиерката за економски прашања Мила Царовска, денеска ги отфрли тврдењата дека се доцни со економските мерки за справување со коронакризата, односно со третиот сет мерки.
-За да може да кажеме дека доцниме треба да знаеме дека првиот и вториот сет на мерки кои беа донесени од Владата и преточени во уредби и правни акти се уште се во тек и се имплементираат. Третиот сет мерки започнува во моментот кога овие мерки од првиот и вториот сет стигнуваат при крај. Кога зборуваме за доцнење треба да сме свесни дека Владата овој сет трет на мерки го усвои минатата недела. До денеска имаме поминато само шест дена и токму затоа инстиуциите работат посветено и јас сум сигурна дека наредната недела тие веќе ќе излезат со првите делови од мерките.Не велат дека сите делови од мерките ќе се усвојат наредната недела. Првите мерки би требало да бидат преточени во уредба наредната недела и да почнат да се имплементираат по завршувањето на вториот сет мерки, но секако дека течат и мерките од првиот сет, рече Царовска.
Царовска, која е коносител на листата на СДСМ во ИЕ 1, денеска заедно со носителот на листата Никола Димитров беа на координативен состанок со кандидатите за пратеници од оваа изборна единица.
Ново на Сител
-
Што очекуваат Македонците во Америка од Доналд Трамп?
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Трамп избран за претседател на САД
-
Рамноправен регионален развој за спречување на иселувањето
-
Фетаи: Администрацијата е неефикасна и политизирана, потребни се реформи
-
Високото образование ќе се реформира од корен, нов закон, студиски програми, повеќе пари за наука
-
Трамп избран за претседател на САД
-
По победата на Трамп, Мицкоски очекува зајаканати односи Македонија – САД