Царовска: Обезбедуваме услови и поддршка за секое дете да добие квалитетно образование и целосно да се реализира во општеството
Лицата со попреченост можат и го менуваат светот. Тие се подеднакво активни учесници во општествените процеси и промени. Овој 3 Декември, испраќаме силна порака дека сите ние, лично и институционално, треба да се бориме против стереотипите дека попреченоста е бариера за поединецот да поставува лични цели, да се стреми кон нивно остварување и да дава придонес кон развојот на државата, истакна министерката за образование и наука Мила Царовска во обраќањето по повод Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби.
Таа посочи дека МОН и Владата направија значаен исчекор во унапредувањето на правата и можностите за квалитетно образование на децата со попреченост. Како што рече, во 2021 година, образовниот систем значително го подигна нивото на инклузивност, а напорите на институциите на системот предводени од МОН имаат конкретен исход.
– Постигнавме целосна инклузија во делот на основното образование. Новите материјали за учење се достапни во електронска и аудиоверзија, а првпат и на Брајово писмо за сите ученици со оштетен вид. Посебните основни училишта се трансформираа во училишта со ресурсни центри, стручните служби во училиштата се зајакнати, а услугата образовна асистенција стана системско решение. Во моментов 500 образовни асистенти обезбедуваат поддршка во процесот на едукација за учениците во редовните училишта и тоа повеќе не е трошок на семејствата на учениците, туку обврска на државата, рече Царовска.
Со цел да го поттикне вклучувањето на децата со атипичен развој во редовна настава, МОН во соработка со европските партнери и граѓанскиот сектор обезбеди стипендии за запишување во прво и за второ одделение, а зголемен е и месечниот износ на стипендиите кои МОН ги доделува за средношколците со попреченост за над 27 отсто. Обезбедувањето на пристапност, наведува МОН во соопштението, стана задолжителен услов кој треба да се исполни за добивање финансиски средства од МОН за адаптација, реновирање или изградба на училишни објекти.
– Меѓународниот ден на лицата со попреченост е потсетник за сите да бидеме добри сограѓани, добри раководители на институциите на системот и да се заложиме лицата со попреченост да имаат поквалитетен живот, нагласи министерката Царовска.
Министерството за образование и наука наведува и дека водејќи се по начелото на еднаквост, работи на натамошно унапредување на процесот на инклузија како еден од основните столбови на кои се темелат современите граѓански општества и образовни системи.
Ново на Сител
-

Поднесено обвинение против градоначалникот на Будимпешта бидејќи дозволил одржување на Парада на гордоста
-

Трамп повторно му се закани на Иран
-

Кривична пријава против струмичанка за присвојување осум мобилни телефони од продажен салон во Гевгелија
-

Радосна вест од Скопска ЗОО: Џуџестите мармозети добија близначиња
-

Петмина кандидати за државен јавен обвинител, кандидатурите испратени во Влада
-

Тошковски - Кочиу: Пред летната сезона ќе го профункционира One Stop Shop меѓу двете држави
-

Штип: 21-годишник ја претепал поранешната сопруга и ја одзел нивната малолетна ќерка
-

Шлепувале „опел“ во кој имало 150 килограми марихуана, тројца скопјани уапсени кај Свети Николе
