Царовска: Пензискиот систем стабилен, првпат се исплатија пензии без задолжувања
Пензискиот систем во земјата е стабилен и за првпат после долги години се исплатија пензии без задолжувања, истакна денеска министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, која учествуваше во работата на 11-тата средба на директорите на пензиските фондови на државите на поранешната СФРЈ, што од денеска се одржува во Охрид.
– Спроведните реформи во делот на стабилизирањето на пензискиот систем веќе ги покажува ефектите. Зголемувањето на придонесите и на бројот на вработените, порастот на бруто домашниот производ ќе значи пораст на пензиите, истакна Царовска.
Таа потсети дека дупката во Пензискиот фонд од три милијарди денари во 2006 година достигнала 18 милијарди денари. Оваа година фондот исплатува пензии со намалена дупка од три до четири милијарди денари, односно се исплаќаат пензиите без позајмици.
– Тоа покажува деа пензискиот систем станува самоодржлив. Има уште многу да се работи, дупката создавана десет години се закануваше да создаде фискално цунами, се поради несоодветни, неодговорни политики што доведуваа до намалување за придонесите, нереално зголемување на пензиите без економска логика…истакна Царовска.
Истовремено беше посочено дека пензиите растат, двапати покачени во 2017 година и исто двапати минатата година, а и во април оваа година со исплатата за март.
– Тоа значи дека во континуитет пензиите се покачуваат, и тоа благодарение на реален економски раст. Фокусот на нашите активности останува на стабилизација на пензискиот фонд и одржување на добра линија во системот, рече Царовска.
На средбата во Охрид раководителите на пензиските фондови од државите на поранешната заедница ќе дискутираат по прашања од областа на социјалната и пензиската политика, меѓусебна соработка, постапки и процедури што произлегуваат од правата и обврските кон граѓаните кои оствариле пензиски права во поранешната држава со оглед што сите, сега национални системи, потекнувааат од еден ист пензиски фонд.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Стана пракса амбасадорите да се мешаат во внатрешните работи на државата
-
Мицкоски: Ќе бара ли Софија Бугари и во албанскиот Устав
-
Маричиќ, Шаќири и Бајрами ќе добијат апанажа
-
Поранешно „Македонија пат“ во катастрофална состојба: Изгорело возило вредно 200.000 евра
-
Скапите акцелератори набавени пред една деценија се уште не се во функција на пациентите
-
Барањето за 450 евра минималец на првата седница на економско-социјалниот совет
-
Приватните превозници ќе возат до 11 часот, додека ЈСП им префрли пари за гориво
-
Преглед на вестите од светот