Царовска: Семејствата со повеќе деца настава ќе следат и на МТВ
За оние семејства кои имаат по повеќе деца па им требаат многу компјутери за онлајн настава, Царовска ја потенцираше можноста за следење настава од далечина и на националниот телевизиски сервис. И таму ќе има часови од утре согласно распоредите на училиштата и одделенијата.
-Она што го утврдивме на самиот почеток и на самиот план, децата ќе имаат можност во даден распоред на три канали на МТВ да следат на својот јазик 15 минутни часови од прво до деветто одделение и тоа е важен инструмент кој се користи и во другите држави за децата кои немаат пристап. Секако и училиштата ќе треба да принтаат и материјали кои што ќе бидат доставувани до родителите за да може децата да извршуваат домашните задачи и да добиваат инструкција за работа во домашни услови. Ова е за оние кои нема да можат да се приклучат онлајн. Секако ќе беше добро како држава претходно 15 години да инвестираме во дигитализација и во образованието и сите деца да имаат пристап до интернет и до ИТ опрема но тоа треба да биде задача и лекција за во наредниот период. Во овој период наоѓаме начин флексибилен на кој што секое ќе биде изложено на добивање информации и знаење и стимулации на нивниот развој, истакна Царовска од Тетово каде беше во посета на основното училиште „Кирил и Методиј“.
Во општина Тетово ниту едно од училиштата не доби дозвола за настава од четврто до деветто одделение со физичко присуство. Пример е ова училиште кое иако има одлични инфраструктурни услови, проблем е преголем број ученици.
-Не одлучувам ни јас, ни градоначалничката. Има комисија експертска со тројца претстваници кои велат дека има преголем број на ученици и нема услови. Ако рекле тие така да го почитуваме тоа затоа што тие знаат подобро од сите нас. Едно се желбите овој пат, а друго се реални можности. Јавното здравје на населението е пред се. Во ова училиште се подготвиле според сите протоколи по сите стандарди, работеле и на обука на наставен кадар, приклучување на платформа и тестирања имале и се надевам ќе успееме во постојано пракса и користење на електронските алатки во сите училишта во државата, рече Царовска.
Таа потенцираше дека тековно се јавуваат и се надминуваат сите проблеми со националната платформа за учење.
– Наставниците добиваат инструцкии и важно е да ги следат и порталот и веб страницата на министерството за сите нови инструцкии кои се даваат таму и можеме да да имаме добар старт за да се поврзат со учениците и да го одржат класниот час и понатаму да работиме сите заеднички. Го правиме првиот чекор кон дигитализацијата на образованието, рече Царовска.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ на седници на Извршниот и Централниот комитет ги утврдува предлозите за министри од својата партија
-
Силјановска Давкова: Војната во Украина не е украински, туку европски и светски проблем
-
Ново поскапување на лебот ако се зголеми цената на струјата
-
Дали само итни пациенти се снимале на Институтот за радиологија поради технички проблем во петокот?
-
Детектор: Интернетот и социјалните мрежи штетно влијаат врз децата
-
Никако да се стави крај на нелојалната конкуренција
-
Стандардот, лошото здравство и образование и партизација, основни причини за иселувањето
-
Тема на денот со Елмедин Конаковиќ, Министер за надворешни работи на БиХ