Царовска: Училишната година започна со физичко присуство, конечно детскиот џагор се врати во училиштата
Училишната година започна со физичко присуство за сите ученици. Конечно, детскиот џагор се врати во училиштата, што посебно ме радува, пишува министерката за образование и наука, Мила Царовска на својот фејсбук-профил.
-На син ми Давид, којшто е четврто одделение, денеска кога го однесов на првиот час му порачав да се придржува до правилата кои ни ги наметна пандемијата– задолжително да носи маска додека е на затворено и често да мие раце. Му реков, дека тоа е така затоа што треба да се заштити себе си, а со тоа и другите, бидејќи само така можеме подолго да го задржиме џагорот на учениците во училиштата. Му посакав и успешно совладување на новите наставни програми и максимално користење на дигиталните материјали за учење кои се новина од оваа година, пишува Царовска.
Но сето ова, таа вели дека ниту малку не треба да ја намали радоста на децата, затоа што и носењето шарена маска и учењето од таблет е интересно. Среќна учебна година на сите ученици, порача министерката.
Ново на Сител
-

Над 130.000 казни од почетокот на „Safe City“, 95% од нив за брзo возење
-

Цената на дизелот се зголемува за 2,5 денари, на бензините за еден денар
-

Водата во Скопје е безбедна за пиење
-

Уапсени две лица за пожарот кај „Рампа“ – повреден пожарникар и оштетени две противпожарни возила
-

Уапсен велешанец поради предизвикување пожар во Долно Оризари
-

Уапсени 11 лица кај кои е пронајдена дрога, при претрес во Затвор Идризово кај осуденик пронајдени таблети
-

ЦУК: Активен пожарот во месноста Пармакови Ниви во Кумановско
-

Фон дер Лајен: Итната потреба на Украина за посилна воздушна одбрана ќе биде тема на самитот на НАТО
