Живот
5. May 2016 - 12:50

Цел живот заедно: Близначки прославиле 100 - ти роденден, а и понатаму исто се облекуваат!

Индентични близначки Мари Беле Роач и Мае Беле Повел од Сумсонија во Кентаки неодамна заедно го прославија стотиот роденден, а иако целиот живот го поминале заедно, сеуште не си досадиле една на друга. И понатау носат иста облека, заедно одат на фризер кој им прави иста фризура и живеат во куќата во која пораснале, каде ја делат и спалната соба за да бидат тука ако на другата нешто и затреба.

- Заедно сме цело време, никогаш не се раздвојуваме. И тоа е единствено што знаме, да се сакаме, велат сестрита за Today.

Родени се за време на Првата светска војна 25 март 1916 година, а во својот крај уште се познати и како близначките Валс. Биле тинјџерки во текот на Големата депресија, а Меи се сеќава дека нивното семејство тогаш немало ништо. И поктај сиромаштијата си дозволиле да студираат на Murray State Colledgeu, каде често го користеле фактот дека се индентични. Така што Мери одела на на час по физичко воспитување наместо сестра и, а Мае  и пишувала лектири.

По дипломирањето работеле дури и иста работа како професорки во основното училиште во родниот град. Се омажиле за најдобрите пријатели со кои пораснале. Кога нивните сопрузи биле пратени на боиште во текот на Втората светска војна, се пресилеле во Детроит и работеле во фабрика.

- Се беше навистина тивко, се сеќавам колку беше тажно, ја опишува Мери атмосферата по вестите за нападот на Перл Харбор 7 декември 1941 година.

Откако нивните сопрузи се вратиле од војна, двата пара купиле камп приколка и заедно ја обиколиле целата држава. Ги посетиле сите 50 американски држави и осум европски.

Денес и двете се вдовици, но и понатаму се активни. Заедно одат во теретана каде пешачат 30 минути дневно, а во петок исто облечени одат на фризер. Признаваат дека не можат една без друга.

- Ми треба секоја скунда. Делевме прекрасен живот, а го имаме и понатаму, вели Мае.

За нивната долговечност заслужни се добрите гени, нивната мајка доживеала 97 години.

- Не сме пушеле цигари, ниту пак марихуана и не сме пиеле пиво, додава таа.