Целосно изгаснат пожарот над село Галичник, се утврдуваат причините
Целосно е изгаснат пожарот што избувна вчера над село Галичник. Екипа на полицијата денеска врши увид и ги утврдува причините, информираше в.д. директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов при денешната посета на местото на пожарот со претставникот на месната заедница Галичник, Александар Костиќ.
-Рано утрово два армиски хеликоптера го надлетаа местото на пожарот за доколку има потреба да интервенираат, но бидејќи пожарот е изгаснат тие се вратија во нивната база, но се на готовност доколку дојде до реактивирање на пожарот брзо да дојдат и да го изгаснат, изјави Ангелов.
Тој се заблагодари до сите кои помогнаа во гаснењето, од системот за управување со кризи, противпожарните единици и до граѓаните.
Со пожарот беше зафатена борова шума на непристапен терен и заради засилениот ветар претставуваше потенцијална опасност за селото Галичник.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Трагедиите не смеат да останат без одговори, општеството има право да ја знае вистината - им го должиме тоа на жртвите
-

Уапсен скопјанец, при претрес пронајден кокаин подготвен за продажба
-

Приведен 15-годишник, се заканувал дека ќе постави бомби и ќе изврши убиства во тетовско средно училиште
-

Нападната Амбасадата на САД во Ирак
-

Алиу: Македонија не ја заборава пожртвуваноста на здравствените работници и подадената рака од пријателските земји
-

Шест лица приведени во акциска контрола во Карпош, пронајдена дрога
-

Црвена ѕвезда го совлада шампионот на Евролигата
-

Иран повторно со нови напади кон Израел
