Целосно се реконструира колекторскиот систем во Дојран
Главниот колекторски систем во Дојран почна целосно да се реконструира заради заштита на Дојранското езеро и подобрување на квалитетот на езерската вода. Проектот опфаќа вградување на нови пумпни станици и обнова на шахтите заради зголемување на капацитетот за одведување отпадни води до пречистителната станица во која е вградена најсовремена технологија.
- Заштитата на животната средина претставува еден од најголемите приоритети на општина Дојран. Почнавме минатата година со реконструкцијата на пречитителната станица која беше обновена по три децении, а ова ќе биде втора фаза во која главниот колекторски систем ќе се реконструира за да се создаде можност за проширување на секундарната канализациона мрежа,одноно одведување на колекторскиот систем на улиците или до куќите кои не се приклучени, рече градоначалникот на општина Дојран, Борче Стамов.
Реконструкцијата на главниот колекторски систем во Дојран е заеднички проект на општината и Министерството за животна средина. Активностите планирано е да траат околу два месеца, а целата инвестиција чини 4 милиони денари од кои по половина обезбедуваат локалната самоуправа и Министерството за животна средина.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Алберт Муслиу, политички аналитичар
-
Препорака до осигурителните компании - утре да ги вратат старите цени на полисите
-
За прв пат формирано национално студентско тело: Што во пракса ќе им овозможи на македонските студенти?
-
Партиите испорачуваат барања на ВМРО-ДПМНЕ за владина коалиција
-
Парламентарни избори
-
Претседателски избори
-
ВО ЖИВО: Цени за осигурување на возила
-
Вработените во Фондот за здравство утре на протест