Целовечерен концерт „Бродвеј во Битола“

Камерниот оркестар на Битола, кој работи во состав на Центарот за култура, вечер во големата сала на оваа национална установа ќе одржи концерт насловен како „Бродвеј во Битола“.
Пред битолската публика ќе настапат уметниците Наде Талевска, Елена Петреска, Игор Узунов, Марија Груевска, Ана Гаштарова и танцовиот спортски клуб "Степ Уп" кои ќе ги исполнат познатите мјузикли „Коса“ („Хаир"), „Мулен Руж“ (“Моулин Роуге"), „Кабаре“ („Цабарет"), „Фантомот од операта“ („Пхантом оф тхе Опера") и други.
- Камерниот оркестар на Битола за кус временски интервал ќе приреди уште еден целовечерен концерт и по незборавната „Џон Влилијамс Симфонија“, вечер ќе биде изведен уште еден спектакуларен концерт кој музичарите го насловија како „Бродвеј во Битола“, изјави Зоран Димовски, директор на Центарот за култура - Битола.
Аранжманите на светските познатите мјузикли ги подготви Владимир Димовски.
Концертот „Бродвеј во Битола“ е поддржан од Министерството за култура.
Ново на Сител
-

Работниците на протест за поголеми плати
-

Тема на денот со Марко Трошановски, претседател на Институт за демократија
-

Преглед на вестите од светот
-

Поминаа измените на Кривичниот законик за членот 353, гласаше и СДСМ
-

ОЈО отвори предмет по ревизорски извештај за Општина Охрид
-

Имало пријави за судијата Ристов во Судскиот совет, но Камбовски не се сеќава на наводи за мито
-

Секој втор функционер кој има фирма ја сокрил сопственоста од институциите
-

Над 70 проценти од граѓаните подржуваат членство во ЕУ
