Цената на нафтата падна на помалку од 100 долари по барел по најавата за крај на војната на Блискиот Исток

Цената на нафтата денеска падна на помалку од 100 долари по барел, а европските индекси бележат силен раст откако американскиот претседател Доналд Трамп најави дека американската војска би можела да ги заврши своите воени акции во Иран во рок од две до три недели, додека одговорноста за повторно отворање на Ормуската Теснина би ја презеле други нации.
Трамп, исто така, информира дека ќе му се обрати на американскиот народ по повод војната на Блискиот Исток, денеска во три часот наутро по средноевропско време, пренесе Си-Ен-Би-СИ.
Според податоците од берзите, цената на суровата нафта во 9:30 часот падна за 4,23 отсто на 97,089 долари по барел, а цената на нафтата „Брент“ за 4,1 отсто на 99,704 долари.
Индексот на Франкфуртската берза DAX порасна за 3,02 отсто на 23.315,72 поени, францускиот CAC 40 за 2,32 отсто на 7.998,52 поени, британскиот FTSE 100 за 1,76 отсто на 10.353,26 поени, а московскиот MOEX за 0,21 отсто на 2.782,03 поени.
Европските фјучерси на гас за мај на отворањето на амстердамската берза TTF се продаваа по цена од 49,765 евра за мегават-час. Цената на златото порасна на 4.732,22 долари за троја унца, а цената на пченицата падна на 6,0708 долари за бушел (еден бушел изнесува 27,216 кг).
Вредноста на еврото во однос на доларот на валутната берза Forex изнесува 1,15880 долари, што е за 0,3 отсто повеќе отколку на почетокот на тргувањето. Според податоците од американските берзи, вредноста на индексот Dow Jones на затворањето на берзите вчера порасна за 2,49 отсто на 46.341,51 поен, S&P 500 за 2,91 отсто на 6.528,52 поени, а вредноста на индексот Nasdaq за 3,83 отсто на 21.590,63 поени.
МИА
Ново на Сител
-

Туризмот се стабилизира по кризата, но вниманието кај патниците останува
-

Заматена водата за пиење во Кавадарци и Неготино поради дождовите, потребно е да се преврива
-

Македонскиот народен театар одбележува 81 година
-

Зеленски: Ситуацијата на бојното поле е најдобра во последните 10 месеци
-

Секој електронски потпис издаден во Македонија ќе биде признаен како целосно валиден во Црна Гора и обратно, најави Андоновски
-

Во штипскиот Основен суд продолжи судењето против обвинетиот Денис Асанов за извршено убиство
-

Иран собори борбен авион Ф-35 со нов одбранбен систем
-

Уапсена жена од с. Скудриње, барана со потерница за затворска казна од пет години и шест месеци
